Саакашвили ги повика Грузијците да не ги признаваат резултатите од претседателските избори

153

Поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили ги повика сонародниците да не ги признаваат резултатите од денеска одржаниот втор круг од претседателските избори.

Во видео-порака од Холандија, каде сега живее, Саакашвили рече: Никогаш нема да ги признаам резултатите од овие избори. Ова денеска не беа избори. Тоа не беше демократски процес”.

Тој ги повика граѓаните на Грузија утре да почна со „масовна граѓанска непослушност“.

По завршувањето на изборниот ден во 20 часот по локално време, резултатите од излезните анкети на „Галуп интернешенел”, покажуваат дека победник на вториот круг со 57 отсто од гласовите е Самоле Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон “. Нејзиниот ривал Григол Вашадзе од опозициското „Единствено национално движење”, кои се приврзаниците на Саакашвили, доби 43 проценти.

На крајот на гласањето, одѕивот на гласачите изнесуваше 56,23 отсто, соопшти грузиската ЦИК.

Фото: EPA/STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...