Саад Ламјаред уапсен во Франција поради силување

Ламјаред беше уапсен и во октомври 2016 година, тогаш за напад и силување на Французинка во луксузен хотел на авенијата Елисејски полиња.

520

Француските власти соопштија дека мароканскиот пејач Саад Ламјаред (33) е уапсен под сомнение дека извршил полов напад во туристичкиот град Сен Тропе на француската ривиера.

Полицискиот притвор за осомничените за силување во Франција трае до 48 часа.

Ламјаред беше уапсен и во октомври 2016 година, тогаш за напад и силување на Французинка во луксузен хотел на авенијата Елисејски полиња. Судскиот процес за тој случај се уште не е почнат.

Ламјаред е доста познат на арапската поп-сцена. Кралот Мохамед Шести во 2015 година му ја додели и највисоката националната награда на Мароко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...