Р. Кели наплати по 100 долари од свои обожаватели за настап од 28 секунди

202
ФОТО: EPA / TANNEN MAURY

Поп и aр-ен-би ѕвездата Р. Кели наплати по 100 долари од свои обожаватели за настап од 28 секунди во еден клуб во Спрингфилд.

Некои од луѓето се сложија, но некои и беа разочарани од барањето на пејачот. Критиките на интернет одат во насока на тоа дека „тој сака од сè да прави пари“.

Откако парите беа собрани, тој го зеде микрофонот, им се заблагодари на фановите и отпеа 28 секунди од хитот „I Believe I Can Fly“.

Сепак, оние кој го следат редовно знаат дека вчера, пред настапот, тој објави видео на Инстаграм, каде што објаснува дека му требаат пари за одбраната во идните процеси по обвиненија за сексуално злоставување, па и дека очајно му требаат настапи.

Луѓето кои се сложија да платат, велат дека „пејачот Р. Кели“ треба да се издвои од „обвинетиот Р. Кели“, а некои пак, се убедени дека обвинувањата против него се лаги. Дел од нив пак велат дека тие 28 секунди не вредат 100 долари.

Документарецот „Преживувајќи го Р. Кели“ објавен во март повторно го актуелизираше контроверзното сексуално минато на пејачот, па се најавуваат нови обвиненијата.

ФОТО: EPA / TANNEN MAURY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...