Русија планира да преземе чекори со цел да се зајакнат оружените сили на Венецуела, истакна рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Нагласувам дека конкретно станува збор за работа со опрема која е испорачана во Венецуела, изјави Рјабков.
Русија е сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го поддржува заедно со Кина, додека повеќето западни држави го поддржуваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.