Анонимен учесник во наддавањето за ручек со милијардерот Ворен Бафет понуди 3,3 милиони долари и победи на синоќешната аукција.
Олајн аукцијата беше организирана заради собирање средства за Фондацијата Глајд (Glide Foundation), која им помага на бездомниците во Сан Франциско.
Преку своите аукции, во последните 18 години Бафет за Глејд фондацијата собра над 26 милиони долари. Многумина плаќаат големи суми за да имаат можност да разговараат со познатиот инвеститор и филантроп.Бафет вели дека на ваквите ручеци му биле поставувани разни прашања, а единствената тема за која не коментира е која ќе биде неговата следна инвестиција.
Победниците од аукциите обично ручаат со Бафет во ресторанот „Смит енд Воленски” во Њујорк, кој секоја година донира по најмалку 10.000 долари на Глејд Фондацијата за да биде домаќин на настанот.