Реализацијата на плановите на Косово за формирање сопствени вооружени сили претставува кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
Приштина соопшти дека планира на 14 декември да биде усвоена одлуката за формирање косовски вооружени сили.
Руското МНР оценува дека таквиот чекор ќе биде директно и грубо нарушување на Резолуцијата 1244, единствениот меѓународен правен акт кој се однесува на косовското прашање. Во соопштението се вели дека Резолуцијата предвидува на територијата на Косово да има распоредено мултинационални контингенти под меѓународна контрола. „Приштина се подготвува да направи уште еден дестабилизирачки и провокативен чекор по воведувањето стоотстотни такси за производите од Србија и Босна и Херцеговина“, оценува Министерството.
„Формирањето од страна на косовските власти (и покрај и покрај клаузулите во сопствениот Устав) на војска, може да има најлоши последици не само за српското население во областа, туку и за безбедноста на целиот балкански регион“, се тврди во соопштението..
„Сметаме дека силите на КФОР, согласно нивниот мандат, во случај на појава на таква структура веднаш ќе донесат мерки во полн обем за нејзино неутрализирање и разоружување“, пишува во соопштението на во руското МНР.