Руски „Форбс“: Путин, Греф и Милер се највлијателните луѓе во Русија

115
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на „Сбербанк“ Герман Греф и Алексеј Милер – шефот на „Газпром“, се на првите места во рејтингот на највлијателните луѓе во земјата, објавен денеска во руското издание на „Форбс“.

На најновата листа се 100-те највлијателни високи функционери, бизнисмени, врвни менаџери и енергетски шефови, прецизира весникот.

Во првата петорка највлијателни жители на Русија влегуваат и шефот на државната нафтена компанија „Роснефт“ Игор Сечин и рускиот премиер Дмитриј Медведев.

На седмото место е директорката на централната банка Елвира Набиулина, на 13-то е градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, а на последното место е лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски.

Експертите на “Форбс” ги оценувале рангираните според бројот на подредени, по големина на добивка, ативите, буџетот со кој располагаат или личното богатство, според „можноста директно да влијаат на животот на луѓето“, „да влијаат врз индустријата“ и „според степен на блискост до претседателот Владимир Путин или до владејачката партија – Обединета Русија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...