Ловец на руското Воено воздухопловство од типот Су-27 пресретна шведски извидувачки авион над Балтичкото Море, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се посочува дека „Сухојот“ интервенирал откако руската Служба за контрола на воздушниот простор регистрирала неидентификувано летало како се приближува кон границата на Русија.
Кога рускиот ловец го пресретнал леталото, било утвредено дека станува збор за шведски авион од тупот „Галфстрим“, на кој му бил исклучен трансмитерот.
По ова, шведскиот авион се оддалечил од руската граница, а ловецот Су-27 се вратил во својата база, се додава во соопштението.
ФОТО: МИА