Руски патнички авион Сухој Суперџет 100 (СС-100) денеска принудно слета во Сибир поради дефект на еден од моторите.
Авиокомпанијата „Јамал“ соопшти дека авионот нормално слета и нема повредени лица.
Авионот со околу 80 патници леташѓе за Санкт Петербург, но удри во птица при што се оштети еден од моторите.
Сухој суперџет 100 е прв цивилен авион произведен во Русија по распадот на Советски Сојуз во 1991 година. Овие авиони речиси и да не се продаваат во странство поради скапото одржување
Еден Сухој суперџет 100 во 2012 година се урна во Индонезија при што загинаа 45 луѓе, а во мај годинава откако избии пожар во авионот при принудното слетување загинаа 41 лице.