Руски борбен авион „Су-27“ над Балтичкото Море пресретна американски извиднички авион „РЦ-135“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Американскиот авион бил забележан додека летал над неутрални води во Балтичкото Море, доближувајќи се до границите на Русија.
Рускиот борбен авион се доближил до американското летало на безбедна оддалеченост и утврдил дека се работи за извиднички авион РЦ-135, информира руското Министерство.