Руски борбен авион летна 20.000 метри над Земјата (ВИДЕО)

652

Борбен авион Миг-31БМ од поморската авијација на руската Тихоокеанска флота за миг се најде во вселенскиот простор над Земјата, соопштија руските власти.

„Овие нови модернизирани височински борбени авиони пресретнувачи, Миг-31БМ, првпат беа употребени во воени вежби“, соопшти Источниот воен округ на руската војска.

Авионот достигна височина од над 20.000 метри, при брзина од 2.500 километри на час.

Миг-31БМ е нова верзија на авионите Миг со нов современ систем за управување со оружјето и нов софистициран локатор.

Видеото погледнете го тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...