Руски авиони „упаднаа“ на најголемата НАТО вежба

464

Руски воени авиони вчера упаднаа на најголемата воена вежба на НАТО од завршувањето на Студената војна, ризикувајќи со таков инцидент да предизвика војна со 29 земји-членки на Алијансата.

Војниците на американскиот команден брод „Маунт витни“ се собрале на палуба и го набљудувале надлетувањето на двата авиони Ту-142 во близина на брегот на Норвешка.

Тие не набљудуваа и ние нив ги набљудувавме, изјави полковник Гарт Менџер од британската Кралска морнарица, задолжен за оперативни должности на бродот на американската воена морнарица.

Русија потврди дека два авиона Ту-142 извршиле претходно планиран лет над неутралните води на Норвешко Море.

Пентагон тврди дека рускиот авион прелетал 500 метри од американскиот воен брод, кој е дел од најголемата воена вежба на НАТО, во која учествуваат 50.000 војници, 65 бродови, 250 авиони и друго.

Русија минатата недела објави дека ќе тестира ракети во регионот за време на вежбата на НАТО, која ја нарече „антируска“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...