Руските новинари масовно пишуваат за раскинувањето на една од најубавите двојки во Холивуд. Сепак, наведуваат дека таа информација прв ја пласирал таблоидот „MTO“, кој се повикал на сосема доверлив извор.
Руските медиуми во последните неколку часа масовно почнале да известуваат за тоа дека Ирина Шајк (33) и Бредли Купер (44) наводно се разведуваат.
Како што пишува „Gazeta.ru“, Ирина и Бредли наводно не се заедно од крајот на февруари 2019 година, по флертот на Купер со Леди Гага на доделувањата на Оскарите.
Сепак, Ирина и Бредли биле фотографирани по доделувањата на Оскарите во Лос Анџелес, но изразите на лицата не укажувале дека меѓу нив е се во ред. Исто така, пред неполни 20 дена, манекенката и актерот беа забележани како шетаат по вечерата во Санта Моника, рака под рака насмеани.
Иако Русите наголемо пишуваат за разводот на една од најубавите двојки во Холивуд, сепак, наведуваат дека таа информација прв ја пласирал таблоидот MTO, кој се повикал на доверлив извор.
Меѓутоа, прес-службата на Ирина и Бредли не дала никакви соопштенија – ниту потврдиле, ниту демантирале.
„Бредли секогаш сака неговиот приватен живот да остане тајна, додека Ирина верува дека треба да пратат соопштение за медиумите“, наведува споменатиот таблоид.
Ирина на Мет Галата одржана на 6 мај се појавила без Бредли, иако тој, како што се зборува, требало да биде присутен.