Русија ќе ги вооружи своите космонаути со специјален пиштол што треба да ги заштити од диви животни доколку слетаат во оддалечени и ненаселени места, изјави денеска директорот на Руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин.
– Овие оружја се веќе тестирани. Мислам дека за една година, година и половина, тоа веројатно ќе биде дел од опремата на космонаутите – рече Рогозин.
Планиран е нов руски космодром на Далечниот исток на земјата.
– Слетувањата би можеле да се случат во тоа ретко населено, пошумено подрачје и космонаутите рекоа дека би било добро да се има такво нешто во опремата – додаде Рогозин.
Тие оружја може да се користат за да се сигнализираат местата на слетување и за самоодбрана.