Рускиот патријарх Кирил и српскиот Иринеј пристигнаа во Јордан ФОТО

147

Претставниците на Руската православна црква (РПЦ), предводена од патријархот московски и на цела Русија г. Кирил, пристигнаа на меѓународниот аеродром „Кралицата Алиа“, кој се наоѓа во близина на Аман, главниот град на Јордан. Ова го објави телеграмскиот канал „Црквата денес“, а пренесе Православна ризница, вечен амбар на рајските плодови.

Мисијата на РПЦ пристигна во Аман на покана на Ерусалимскиот патријарх Теофил III да учествува во Советот на Претстојателите на Помесните православни цркви.

Претходно, претставниците на Романската православна црква, Митрополитот на ПЦЧЗиС, г. Ростислав, и патријархот на СПЦ, г. Иринеј, пристигнаа во Јордан за да учествуваат во Советот на Претстојателите.

Како што објавија од СПЖ, состанокот на црковните поглавари ќе се одржи зад затворени врати за медиумите. Советот на претстојатели во Јордан се одржува на иницијатива на патријархот ерусалимски Теофил и ќе биде посветен на украинското прашање, како и на голем број други неодложни проблеми на светското православие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...