Рускиот опозиционер заврши во болница поради алергија, иако досега не бил алергичен

173
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Кира Јармиџ, портпаролка на рускиот опозициски лидер, денеска соопшти дека Алексеј Навални е примен во болница по тешкиот напад на алергија што го имал во притвор, пренесоа американските медиуми.

Таа кажа дека Навални никогаш порано немал алергија.

Навални, според неа, утринава од притворската единица во Москва бил префрлен во локална болница.

Портпаролката наведе дека Навални во болница бил примен со отечено лице и црвенило по кожата.

Американските медиуми наведуваат дека Навални ги поттикна на протест антивладините демонстранти кои во текот на целиот вчерашен ден протестираа против исклучувањето на независните кандидати од гласачкото ливче за изборите за Градскиот совет на Москва, закажани за 8 септември .

Руската организација „ОВД-инфо“, која од 2011 година ги следи полициските апсења во земјата, објави дека на вчерашниот протест биле уапсени 1.400 лица, што претставува најголем број апсења од еден настан регистриран во оваа деценија.

ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...