Рускиот гигант „Газпром“ соопшти дека ќе побара транзит на гас за Европа преку Украина, согласно барањето на германската канцеларка Ангела Меркел.
Меѓутоа тоа ќе биде со намален обем и под одредени услови.
– Може да се задржи одреден транзит (преку Украина) со обем од 10 до 15 милијарди кубни метри годишно, но украинската страна треба да ја оправда економската корист од новиот договор за тоа – изјави директорот на „Газпром“ Алексеј Милер.