Рускиот производител на дијаманти Алроса информираше денеска дека продажбата во текот на месец март изнесувала 559,5 милиони долари.
Компанијата извезува груби и обработени дијаманти. Според заменик директорот Јури Окоемов, била забележана помала побарувачка во текот на март, која, според него, е сезонски ефект. Во првиот квартал на 2018 година, компанијата продала дијаманти вредни вкупно 1,606 милијарди долари.