Руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да ги спроведе мерките за зајакнување на меѓународната безбедност, договорени на средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во понеделникот во Хелсинки.
– Руската армија е подготвена да ги интензивира контактите со своите американски колеги, преку Генералштабот и останатите достапни канали за комуникациуа, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Тој нагласи дека Вооружените сили на Русија се подготвени за разговори за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото оружје, како и за соработка во Сирија и за други прашања од сферата на безбедноста.
По средбата со Трамп во Хелсинки, Путин изјави дека Русија и САД сметаат оти е неопходно да работат заедно по голем број прашања, вклучително и на контролата на вооружувањето.
Путин и Трамп на средбата се договориле и да соработуваат околу кризата во Сирија, но досега не се соопштени детали за оваа соработка.