Русија ќе ја реконструира националната инфраструктура

Моментално повеќе од половината регионални патишта имаат лош квалитет во Русија.

168

Русија планира реконструкција на националната инфраструктура што е неопходна за економски раст.

Околу 9.000 километри автопатишта и магистрални патишта во Русија ќе бидат префрлени во заедничко сопствеништво до 2021 година. Трендот ќе продолжи и по 2021 година со дополнителни 8.300 километри патишта кои ќе станат сопствеништво на сојузната влада.

Државните автопатишта обично имаат многу подобар квалитет во Русија, а пренесувањето сопствеништво ќе забрза нивна реконструкција и изградба, наведуваат властите.

Пресметките се дека таа мерка ќе зголеми удел на државните автопатишта за третина од сегашните 50.000 километри. Моментално повеќе од половината регионални патишта имаат лош квалитет во Русија.

По победата на изборите оваа година, претсетаелот Владимир Путин вети дека до 2024 година ќе се потрошат 130 милијарди долари за патната инфраструктура. Според министерот за економски развој Максим Орешкин, проблемите со инфраструктурата претставуваат голем пад за руската економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...