Русија ќе спроведе анализи на безбедносните закани

50

Русија што побргу ќе мора да спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и стратешката стабилност, со оглед на американските планови за вооружување на своите воени сили со ракети со кус и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според руското МНР, наместо да бара начин за спасување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање решение.

Како резултат на тоа, истакнува руското МНР, „Вашингтон нанесе нов сериозен удар на системот за контрола на оружјето кој се градеше со години“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...