Претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Замир Кабулов, денеска изјави дека Москва ќе се обиде да почне мировни разговори меѓу Владата на Авганистан и талибанците, бидејќи Русија смета дека САД доживеале неуспех во Авганистан.
– Западот ја загуби војната во Авганистан – рече Кабулов, додавајќи дека САД и нивните сојузници не успеале да ги поразат талибанците.
Според него, присуството на САД и НАТО не само што не успеало да го реши проблемот, туку и го зголемило.
Кабулов денеска ги собра претставниците на Владата во Кабул и Талибанците, велејќи дека тоа е скромен прв чекор кон мировни преговори.
Според него, Русија има за цел да придонесе за мирот во Авганистан, бидејќи конфликтите во таа земја ги загрозуваат руските интереси во Централна Азија.