Русија ќе ги субвенционира компаниите под американски санкции

Веќе дадов инструкции да се разгледаат начините за обезбедување на поддршка, која би била намената за еден дел од фирмите од металскиот, енергетскиот и одбранбениот сектор, изјави рускиот премиер, Медведев.

106

Рускиот премиер Дмитриј Медведев соопшти дека компаниите во Русија, кои се опфатени со западните санкции, ќе добијат помош од државата, со цел да не се доведат во ситуација да мора да отпуштаат работници.

– Комапниите што се најдоа во сложена ситуација треба да добијат поддршка. Веќе дадов инструкции да се разгледаат начините за обезбедување на таа поддршка, која би била намената за еден дел од фирмите од металскиот, енергетскиот и одбранбениот сектор – нагласи Медведев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...