Русија, Турција и Иран денеска повикаа на воздржување од секакви активности, кои би можеле да го поткопаат напредокот во мировниот процес за Сирија, постигнат на разговорите во Астана.
Во заедничката декларација, потпишана од трите земји по дводневните разговори што денеска завршија во казахстанскиот главен град Астана, се посочува дека се неопходни поголеми напори за пружање помош на сите Сиријци и за нормализација на животот на цивилното население.
– За таа цел треба да се обезбеди брза, сигурна и непречена дистирбуција на хуманитарна помош. да се пружи неопходната медицинска помош и да се создадат услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците и внатрешно раселените лица во нивните домови – се истакнува во документот.