Русија со своја предлог-резолуција за Венецуела во Советот за безбедност

75

Русија во Советот за безбедност на ОН ќе поднесе своја нацрт резолуција за решавање на кризата во Венецуела, како одговор на американскиот предлог кој предвидува нови избори.

– Советот за безбедност повикува на решавање на ситуацијата во Венецуела со мирни средства, стои во предлогот на руската резолуција во која се додава дека Советот за безбедност на ОН ги поддржува сите иницијативи чија цел е постигнување политичко решение.

Американската предлог резолуција предлага поништување на резултатите од претседателските избори во Венецуела од 2018, и одржување нови избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...