Русија од воздух ги набљудува териториите на САД и на БиХ

201

Група руски инспектори во текот на месецот спроведуваат две набљудувачки мисии – на САД и на Босна и Херцеговина.

Територијата на САД е набљудувана од вчера до 20. мај, а на БиХ од денеска до 17. мај.

Набљудувачките летови се спроведуваат врз основа на меѓународниот договор за отворено небо.

Територијата на САД е набљудувана од авионите Ту-154МЛК-1, а над БиХ ќе летаат Ан-30Б.

Договорот за отворено небо е постигнат на 24. март 1992 година во Хелсинки. Тогаш Договорот го потпишаа 27 држави, додека денес нивниот број изнесува 34. Целта на Договорот е изградба на доверба преку подобрување на механизмот на контролата на воените активности и усогласеност на договорот за контрола на вооружувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...