Руското Министерство за одбрана соопшти дека не знае ништо за помош на американското воздухопловство, а која на прес-конференција ја спомна американскиот претседател Доналд Трамп, кога зборуваше за ликвидирањето на лидерот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади.
– Не знаеме ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб за целите на операцијата – рече портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.
На прес-конференцијата по повод ликвидацијата на терористичкиот лидер, Трамп рече дека Русија на американските авиони им го отворила воздушниот простор кој го контролира над сириските територии.
Конашков оцени дека и убиството на Ал Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.
– Откако ИД беше поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година, уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб, констатираше рускиот портпарол