Руска фарма стана хит на Интернет откако беше објавено дека своите крави ги лекува од анксиозност со помош на очила за виртуелна реалност (ВР).
Нивните ВР системи се прилагодени на кравјите глави, а животните гледаат симулација на поле во лето, јави Би Би Си.
Московското Министерство за земјоделство и храна цитираше истражување кое ја покажа врската меѓу емотивното искуство на кравата и нејзиниот принос, односно млеко. Почетните тестови покажале дека постои врска меѓу „емоционалното расположение на целото стадо“.
Според соопштението на руското ресорно Министерство, ВР експериментот се спроведува на фармата РусМолеко во московскиот регион Раменски.
Примери од млечни фарми од различни земји покажуваат дека во мирна атмосфера, количината на млеко, а понекогаш и квалитетот, значително се зголемува, велат од Министертсвото.
Доколку се покаже успешен, експериментот ќе се прошири и на другите фарми.