Русија: Меѓународната заедница да се воздржи од мешање во Венецуела

106

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека меѓународната заедница треба да се фокусира на пружање помош на Венецуела во решавање на економските и социјалните проблеми на земјата и да се воздржи од „деструктивното“ мешање во нејзините внатрешни прашања.

Соопштението од руското Министерство за надворешни работи уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Си-Ви-Ес изјави дека постои можност од испраќање војска во Венецуела , како и дека го одбил барањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за средба.

– Тоа, секако е опција – истакна Трамп за испраќање на војска во Венецуела.

ЕУ му дадоа рок од осум дена на актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро  да организира  „фер, слободни и кредибилни избори“ а во спротивно Унијата „ќе преземе мерки во однос на признавањето на лидерството“. Рокот од ЕУ истекува вечерва.

Претходно француската министерка за европски работи Натали Лоазо најави дека Париз ќе го признае Гуаидо како привремен претседател на Венецуела ако Мадуро до вечер не распише избори.

– Ако Мадури до вечер не се обврзе дека ќе организира претседателски избори, во тој случај Франција ќе го смета Хуан Гуидо за легитимен да организира избори и него ќе го сметаме за привремен претседател до одржувањето на легитимни избори во Венецуела – истакна Лоази.

Таа предлогот на Мадуро тој да организира предвремени парламентарни избори го оцени како фарса.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави оти разговарал со венецуелскиот опозициски лидер Гуаидо и дека се придружува кон земјите-членки на Европска унија кои соопштија дека ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела доколку Владата во Каракас не распише претседателски избори.

Курц на Твитер напиша дека имал „многу добар телефонски разгиовор со претседателот Гуаидо“  и оти тој ја има целата поддршка од Австрија во обновата на демократијата.

– Доколку (претседателот на Венецуела Николас) Мадуро не одговори на апелот на ЕУ да распиште слободни и фер претседателски избори, ќе го признаеме и ќе го поддржиме Хуан Гуаидо за преоден претседател – наведе Курц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...