Русија кани експерти на ОПЦВ на местото на наводниот хемиски напад во Сирија

Русија нема трпение да чека Организацијата за забрана на хемиско оружје „конечно да почне да ја извршува работата за која е создадена“.

320

Русија е подготвена да помогне во текот на оваа недела да организира посета на експерти на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) на местото на кое наводно бил извршен напад со отровен гас во Сирија, изјави денеска членот на Комитетот за одбрана на рускиот Совет на федерацијата, Евгениј Серебреников.

Според него, Русија нема трпение да чека Организацијата за забрана на хемиско оружје „конечно да почне да ја извршува работата за која е создадена“.

Рускиот предлог доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со можен воен напад врз Сирија.

Според сириски активисти, 40 лица загинале во саботата вечерта при хемиски напад во градот Дума, последното бунтовничко упориште крај Дамаск. Бунтовниците за нападот ги обвинија сириските провладини сили, меѓутоа Владата во Дамаск категорично ги отфрли обвинувањата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...