Русија започна истрага за перење пари во Молдавија

107

Руското Министерство за внатрешни работи започна истрага за перење пари, со која е опфатен и лидерот на Демократската партија на Молдавија, Владимир Плахотник.

Истрагата е иницирана само два дена пред парламентарните избори во оваа поранешна советска република.

Во Молдавија в недела се одржуваат избори на кои се очекува неизвесен дуел меѓу екстремно левичарската Социјалистичка партија на Република Молдавија (ПСРМ) на претседателот Игор Додон и двете опозициски сили, социјалдемократската Демократската партија на Молдавија (ПДМ) и проевроската коалиција предводена од конзервативната Либерално демократска партија на Молдавија (ПЛДМ).

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека испитува перење пари преку две руски банки, што  било организирано од страна на некои од најбогатите луѓе во Молдавија, меѓу кои и Владимир Плахотник и Вјечеслав Платон.

Плахотник е лидер на ПДМ и еден од највлијателните луѓе во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...