Русија забрани извоз на нафта и нафтени деривати во Украина, како и увоз на одредени украински стоки, соопшти денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Односите меѓу поранешните советски соседи се на најниско ниво, откако Русија го анектира Крим во 2014 година, во знак на одмазда за официјален Киев кој го собори претседателот кој имаше поддршка од Кремљ, потсетува ДПА.
Според Медведев, новите санкции, кои вклучуваат забрани за увоз на одредени метали, стоки за широка потрошувачка и опрема од Украина, се контра-мерки за украинските санкции против Русија.
– Ние сме принудени да ги заштитиме нашите интереси и да возвратиме – рече Медведев на состанокот на кабинетот на министри, објавија руските државни медиуми.
Вредноста на украинските стоки, чиј увоз сега е забранет, минатата година изнесувала околу 250 милиони долари, информира Медведев.