Русија доби нова Влада

103

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за составот на новата Влада предводена од Михаил Мишустин.

До декретот на рускиот претседател предвидено е премиерот Мишустин да има девет заменици во новата Влада.

Мишустин вечерва ќе свика и прва седница на новата Влада.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ги задржаа своите функции, соопшти Кремљ.

Путин го назначи Андреј Белоусов, неговиот економски советник од 2013 година, за прв вицепремиер.

Путин рече дека целта на новата влада е да се подобри благосостојбата на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...