Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија ќе одговори на најавите за засилено воено присуство на НАТО на Арктикот.
– Ова е ѕвецкање со сабји што може да има долгорочни последици. Ескалацијата на воените и политичките активности на НАТО во Арктикот, конкретно во непосредна близина на руската граница со северна Норвешка не помина незабележано – изјава Захарова.
Русија реагира на планираните воени вежби на НАТО во Норвешка во октомври на кои треба да учествуваат 40.000 војници од 30 земји, како и зголемувањето на американското воено присуство во оваа земја од 330 на 770 маринци.