Русија го најави најбрзиот лет до Меѓународна вселенска станица

204

Русија работи на план и подготовка да го изведе најбрзиот лет до Меѓународната вселенска станица. Тоа според најавите, би траело два часа, и би било рекорд во космонаутиката.

Раководителот на руската вселенска агенција Роскосмос – Дмитриј Рогозин ги претстави тие планови при посетата на центарот за лансирање Восточни.

МВС се наоѓа на околу 400 километри над Земјата.

Сегашниот рекорд од 3,5 часа е поставен годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...