Русија го запре развојот на „паметен“ куршум

501
ФОТО: EPA-EFE / MAXIM SHIPENKOV

Русија го одложи развојот на самонаведувачкиот „паметен” куршум на неопределен период, јавија руски медиуми, оповикувајќи се на извори од воено-индустрискиот сектор.

– Спроведена е фазата на теоретско испитување, која покажа дека ќе биде многу тешко да се реализира таквата задача – рекол изворот, пренесува Радио-телевизија Црна Гора.

Пред две години, генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања Андреј Григориев рече дека таа институција конструира снајперска муниција со наведувано зрно, а првиот човек на кластерот „Вооружување“ Сергеј Абрамов тогаш најави дека таквите куршуми треба да бидат тестирани на почетокот на 2020 година.

Идејата беше куршумот да има сопствен погонски систем и сензори, кои би ќе ја коригира траекторијата на куршумот додека е наведуван од ласер.

И американската ДАРПА пред четири години соопшти дека развива самонаведувачка муниција, но не е познато до каде се со проектот.

ФОТО: EPA-EFE / MAXIM SHIPENKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...