Русија го возвраќа ударот – контрасанкции кон САД и други „непријателски“ земји

Руската Државна дума трето последно читање го усвои Законот за контрасанкции против САД и други земји, кои се оквалификувани како непријателски.

504

Руската Државна дума трето последно читање го усвои Законот за контрасанкции против САД и други земји, кои се оквалификувани како непријателски.

Со Законот, Руската Владата, по одлука на претседателот, добива право да воведе различни контрамерки, кои во исто време не треба да важат за стоки од витално значење, кои не се произведуваат во Русија и други земји.

Одлуката за воведување на мерките може да биде оодбрена од претседателот, по предлог на Советот за безбедност на Русија.

Во случај на престанок на околностите кои биле причина за воведување на контрасанкциите, Владата може да ги укине соодветните мерки.

Во образложението стои дека целата на Законот е „заштита на интересите и безбедноста на Русија, на нејзиот суверенитет и територијална целост, на правата и слободите на граѓаните на Руската Федерација од непријателски активности на САД и други држави.

Според авторите на Законот, воведувањето „политички или економски санкции кон Руската Федерација, руски државјани или руски правни лица и спроведувањето на други активности, претставува закана за територијалниот интегритет на Русија и се насочени кон економска и политичка дестабилизација на Руската Федерација“.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...