Русија ги покани Трамп и Ким на прославата на Денот на победата

129

Русија испрати покана до американскиот претседател Доналд Трамп, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и британскиот премиер Борис Џонсон да присуствуваат на прославата на Денот на победата во Втората светска војна следната година во Москва.

Како што соопшти советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, свечената прослава на 75-годишнината од победата во Втората светска војна ќе се одржи на 9 мај 2020 година.

Ушаков потсети дека францускиот претседател Емануел Макрон веќе ја прифатил поканата на 18 јули во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Меѓу повиканите гости се и германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...