Русија ги бомбардираше силите одговорни за нападот на Алепо

294

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска нивната воена авијација извела воздушни напади врз борците кои, според Москва, се одговорни за напади со проектили со хлор во Алепо.

Портпаролот на Министерството за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека при руските напади уништени се сите цели. Тој дополни дека Москва претходно ја  предупредила Турција за планираното бомбардирање.

Претходно денеска, Москва ги обвини бунтовниците дека при нивниот напад биле отруени 46 луѓе, вклучително и осум деца. Според сириската државна агенција САНА, бројот на повредени е 107

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...