Русија воспостави железничка линија од Москва до Крим

Возот на кат, кој до Симферопол пристигна преку Кримскиот мост, патувал 33 часа, пренесува ТАСС.

126

Првиот патнички воз од Москва, кој сообраќаше преку Кримскиот мост, пристигна утрово во градот Симферопол, Крим.

Возот на кат, кој до Симферопол пристигна преку Кримскиот мост, патувал 33 часа, пренесува ТАСС.

Железничката секција на Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот со регионот Краснодар, е отворена на 23 декември, кога и тргна возот од Москва.

Возовите ќе вршат превоз преку мостот низ цела година и ќе ги поврзуваат Санкт Петербург и Севастопол, и Москва и Симферопол.

Првиот патнички воз, кој возеше преку Кримскиот мост пристигна вчера од Санкт Петербург до Севастопол.

Кримскиот мост е отворен за патнички превоз во мај 2018 година, а за товар во есента истата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...