Роби Вилијамс додека пееше на отворањето на Мундијалот покажа среден прст во една од камерите додека го снимаше, а социјалните мрежи беа преплавени со реакции.
Додека многумина го осудуваат неговото однесување, се шпекулира дека непристојниот гест попо ѕвездата го направила како одговор на британските таблоиди кои го критикуваа дека „им се продал на Русите“.
Британскиот пејач претходно изјави дека да пее на отворање на еден Мундијал е остварување на неговиот детски сон, што е и една од причините поради која овој гест беше уште поголемо изненадување.
The #WorldCup this year is awesome already pic.twitter.com/iJuOw6A8T5
— Aysha Ridzuan (@ayshardzn) June 14, 2018
Еден ден откако видео-снимката го заобиколи светот, многу се прашуваат дали на Роби Вилијамс му се заканува парична казна.
Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека Роби може да плати казна во износ од 47.000 евра бидејќи од 2014 година Русија воведе забрана за користење пцовки во литературните деа, на филмските платна, во театарските претстави, но и во сите јавни настапи.
Сепак, пејачот може да се „извлече“, бидејќи не е точно утврдено кои зборови и гестови се сметаат за навредливи и казниви.