Русин на својата ќерка ѝ кренал бизарна надгробна плоча

Работникот на гробиштата изјавил дека помислил дека халуцинира кога го видел споменикот.

387

На гробиштата во рускиот град Уфа минувачите забележале еден бизарен надгробен споменик, кренат за Рита Шамијева која настрадала во 2016 година во сообраќајна несреќа.

Имено, споменикот има облик на „ајфон“. Го нарачал таткото на Рита, Раис. Освен информациите дека сакала да патува и дека имала пријатели во Германија, сè друго за починатата е мистерија.

На предната страна од споменикот со висина од 1,5 метри изграден од базалт стои ликот на загинатото девојче во природна големина, додека од другата страна има камера, како и логото на „Ајфон“.

Работникот на гробиштата, Николај Јавдокимов, изјавил дека помислил дека халуцинира кога го видел споменикот.

– Од каде се појави американски „паметен“ телефон на нашите гробишта? Толку е голем, јас сум изненаден. Сум видел многу споменици, но ова не – рекол тој.

Кој го направил овој бизарен споменик не е познато, но постои сомнение на една компанија од Новосибирск, која веќе имала слични изработки.

Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...