Русинка во Будва со возило удри во татко и бебе од Холандија (ВИДЕО)

1975
Бесплатна фото

Едногодишно бебе од Холандија се здобило со повреди на 2 август во Будва откако автомобил налетал во количката во која се наоѓало.

Таткото со количката преминувал на пешачки премин недалеку од кружен тек, кога во нив удрило возило со кое управувала руска државјанка.

Таа со автомобилот ја згазила количката и поминала преку ногата на шокираниот татко, па дури тогаш го запрела возилото.

Полицијата во Будва поднела кривична против Русинката, а бебето со лесни повреди било пуштено од болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...