Рудникот САСА ќе ги зголеми платите за 5.500 денари

Во јануари 2019 година работниците ќе добијат уште едно покачување од пет отсто и уште пет отсто во јануари 2020 година, со што од сега до 1 јануари 2020 година платата ќе им биде зголемена за 30 отсто.

314

Рудникот САСА одлучи да ги зголеми платите на вработените за 5.500 денари, соопшти денеска генералниот директор Нил Стивенсон.

Покрај зголемувањето од 5.500 денари, во јануари 2019 година работниците ќе добијат уште едно покачување од пет отсто и уште пет отсто во јануари 2020 година, со што од сега до 1 јануари 2020 година платата ќе им биде зголемена за 30 отсто.

-Зголемувањето од 5.500 денари е многу добра понуда со која нашите вработени би добивале плата поголема од 40.000 денари месечно. Но, преговарачите сметаат дека тоа не е доволно и имаат нереални барања за зголемување на плататат од 270 отсто, што е плата поголема од 2.000 евра месечно. Таква сума не можеме да исплаќаме зашто ќе влијае врз нашата оперативност, а веројатно и врз иднината на компанијата  – истакна Стивенсон.

Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе бидат за 27отсто повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

Раководството на САСА најави и дополнителни вложувања во осовременување на системот за организиран бесплатен превоз на вработените, како и во системот за исхрана. Иако со закон компанијата не е обврзана да нуди бесплатна исхрана и превоз за вработените, раководството на САСА ќе продолжи да го обезбедува тоа за сите вработени во компанијата, при што ќе се вложат над 250.000 евра во реновирање на фабричката кујна и кантина и во подобрување на автобускиот превоз за вработните.

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), што преговараше за зголемување на платите, не ја отфрла понудата на САСА, но ќе ја разгледува на највиоско ниво, по што ќе одлучи дали ќе ја прифати.

– Задоволни сме од преговорите. Ова првпат се случува во Македонија некој да зголеми плата за 5.500 денари. Но, компанијата е многу добра со одличен менаџерски тим поради што и нашите барања се од таков обем- рече претседателот на МЕСО, Драги Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...