Рудникот Иловица нема да проработи, Владата го раскина договорот за концесија

Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, општина Босилово е потпишан во 2014 година. Во 2015 година е потпишан и Анекс на Договорот.

86

Владата oдлучи да го раскине договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, во општина Босилово.

Како што е соопштено, раскинувањето на договорот е како резултат на тоа што Друштвото за производство, промет и усуги ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР ДООЕЛ од  Скопје кој ја имаше концесијата нема поднесено барање со целокупна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, општина Босилово е потпишан во 2014 година. Во 2015 година е потпишан и Анекс на Договорот.

„Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи и Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина–руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР ДООЕЛ Скопје на локалитетот  с. Иловица, општина Босилово од 2012 година“, соопшти владата.

Одлука влегува во сила ден по објавување во Службен весник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...