Рудникот „Бучим“ ќе го активира „Боров дол“

Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш.

237

Рудникот за бакар и злато „Бучим“ ја доби дозволата за екслоплатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“, со што сe продолжување и векот на работата на рудникот, а 700 вработените останауваат на своите работни места со плата од 550 евра, информира денеска Николајчо Николов, директор на компанијата за време на посетата на рискиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, претставници на Македонско-руската комора и Герасим Конзулов, градоначалникот на општина Радовиш.

– Подготовките на рудното тело, изградбата на подвижната лента од „Боров дол“ до рудникот „Бучим“ и други градежни активности ќе чинат околу 53 милиони евра. Сите овие активности треба да се одвиваат годинава, а рудата ќе почне да пристигнува во 2020 година од „Боров дол“ – рече Николов.

Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.

„Бучим“ врши ископ на 4,5 тони руда месечно, годишно финансиски тоа изнесува преку 60 милиони евра и се реализира профит од 18 милиони евра.

Од концесијата што ја плаќа рудникот, 78 отсто оди во општинската каса или 1,2 милиони евра.

Никмолов рече и дека компанијата има големи се очекувања од престоечката гасификација која ќе влијае на намалување на трошоците.

Според градоначалникот, допрва се подготвува и се очекува спроведување на процедурата, но очекувањата се дека гасоводна мрежа во должина од 7 километри, како и секундарната, ќе биде готова до 2020 година, а прикључокот на „Бучим“ ќе се реализира во 2021 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...