Рударска несреќа уби најмалку 23 лица во Пакистан

Експлозијата била предизвикана од насобраниот гас метан. Спасувачките екипи информираа дека потрагата по евентуално преживеани рудари е завршена.

40

Најмалку 23 рудари загинале во експлозија во рудник за јаглен во близина на пакистанскиот град Куета во областа Балочистан.

Експлозијата била предизвикана од насобраниот гас метан. Спасувачките екипи информираа дека потрагата по евентуално преживеани рудари е завршена.

Балочистан е една од најбогатите пакистански области со рудни богатство, но рудниците таму се познати по лошите безбедносни стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...