Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и Рудникот за Олово и цинк Саса потпишаа спогодба за зголемување на платата. Со тоа синдикатот се согласи со понудата на од 26-ти април.
– Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, Централ Азија Металс, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со наградувањето и исплатата на вработените, кои што беа наследени од претходните сопственици и се надеваат дека соработката со тимот ќе продолжи и во иднина со цел изградба на успешна иднина на рудникот. Се надеваме дека ќе можеме да ја извршиме исплатата на зголемувањето за април и ретроактивно за месец март со исплаќањето на априлската плата, кое ќе се реализира во текот на денешниот ден. Дискусиите со МЕСО за други прашања во Саса ќе продолжат – изјави Неил Стевенсон, генерален директор на Саса.
Со потпишаната спогодба завршуваат преговорите меѓу раководството на рудникот и овластените претставници на синдикатот започнати кон средината на минатиот месец. Истовремено, синдикатите се обрзуваат дека и формално ќе го прекинат штрајкот кој беше ставен во мирување кога започнаа преговорите.