Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска изјави дека САД се вистински лидер на светскиот тероризам.
Неговата изјава уследи откако САД вчера го прогласија Корпусот на гардата на Исламска револуција за „странска терористичка организација.
– Кои се тие да прогласуваат револуционерни институции за терористички, истакна Рохани.
Претходно, Високиот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека САД се спонзори на тероризмот.
Во меѓувреме, иранските пратеници денешната седница на ја почнаа извикувајќи „Смрт на Америка“, а голем број од нив носеа униформи на Револуционерната.
Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани одлуката на САД за Револуционерната гарда ја нарече „врв на глупоста и незнаењето“.
САД првпат официјално прогласуваат армија на странска држава за терористичка организација.