Рохани: Иран ќе остане во Сирија, се додека тоа е желба на сириските власти

Иранскиот претседателот изјави дека една од главните задачи на Иран во Сирија е комплетен пораз на терористичките групи и оти има напредок во однос на тоа прашање.

53

Иран ќе го задржи своето присуство во Сирија се додека сириските власти го сакаат тоа, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани на прес-конференција во Њујорк.

Според него, Иран е во Сирија на барање на владата во Дамаск.

– Ние ќе останеме во Сирија се додека сириските власти имаат потреба од нас – рече иранскиот претседател и додаде дека иранските сили во Сирија се само воени советници.

Иранскиот претседателот изјави дека една од главните задачи на Иран во Сирија е комплетен пораз на терористичките групи и оти има напредок во однос на тоа прашање. Тој потсети дека неодамна се сретна со лидерите на Турција и Русија што довело до намалување на тензиите околу провинцијата Идлиб и овозможило да се намалат тензиите во регионот.

Рохани изрази надеж дека во Сирија ќе почне политички процес, и оти „што е можно побрзо ќе биде усвоен новиот устав“ и ќе биде избрана нова влада. На прашањето дали Башар Асад ќе остане на власт во Сирија, Рохани одговори дека тоа ќе зависи од волјата на сирискиот народ и од „резултатите од изборите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...